Удинезе ја прекина лошата серија со триумф над Фиорентина

Фудбалерите на Удинезе како домаќини ја совладаа Фиорентина со убедливи 3-0 во последниот натпревар од 27-мото коло во Серија А.

Тимот од Удине на тој начин стави крај на серијата од три последовни порази, а воедно ја прекина и низата на Фиорентина од три меча без пораз.

Домаќините поведоа уште во десеттата минута, кога Кристијан Кабаселе погоди со глава по асистенцијата на Николо Заниоло од корнер за 1-0.

Овој резултат остана актуелен сè до 64-тата минута, кога Кинан Дејвис од пенал го совлада Давид де Хеа за 2-0. На претходната ситуација ѝ претходеше меѓусебно влечење во казнениот простор, а судијата по прегледувањето на снимката процени дека има елементи за најстрога казна.

Во судиското продолжение Удинезе стигна и до трет погодок, а стрелец беше Адам Букса.

- Оглас -

Најнови вести