Челзи – Манчестер ј. (20:30 ч.)
Двата гиганти кои сезонава наместо да се борат за титулата, се во трка за место кое води во Лигата на шампионите, вечерва ќе играат во дербито на ФА купот. Најстарото натпреварување во свет е мотив за двата тима да стигнат до трофеј сезонава.
Челзи ја има предноста на домашен терен, но Манчестер сигурно нема да се предаде, иако традицијата вели дека „црвените ѓаволи“ не се радувале на „Стемфорд бриџ“ на последните девет гостувања. Двата тима се очекува да настапат во најсилните состави и сигурно ќе има многу возбудувања.
Откако на клупата на Манчестер седна Оле Гунар Солскјер, Манчестер победи на две тешки гостувања во Лондон, против Тотенхем и Арсенал, а сега Челзи е нов голем тест за норвешкиот стратег.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.78)
Рома – Болоња (20:30 ч.)
Домаќините се апсолутни фаворити на овој меч, иако статистиката вели дека Рома на последните две средби против Болоња има еден пораз и реми. Тимот од „Олимпико“ е во трка за место кое носи Лига на шампиони и затоа не смее да си дозволи кикс против екипа која се бори за опстанок.
Рома игра многу офанзивно пред своите навивачи, па во 11 средби дала дури 28 погодоци и има најдобар просек во цела Серија А. Болоња на гости знае да направи изненадување и да не загуби, но тешко дека тоа ќе се случи вечерва во Рим.
Предлог тип: 1&0-29 (2.65) – Квота на денот во Sport Life
Нирнберг – Борусија Дортмунд (20:30 ч.)
Нирнберг е во очајна форма и затоа речиси пет месеци немаат победа во Бундеслигата. Последен пат Нирнберг се радуваше во првенството на 29 септември против Фортуна Дизелдорф. Оттогаш одиграа дури 15 средби во шампионатот и имаат дури 11 порази и само четири нерешени, па затоа и се „заковани“ на дното од табелата.
Борусија е во мини-серија од две ремија, па Баерн успеа да се добложи до два бода зад лидерот. „Милионерите“ едноставно веќе немаат право на грешка и вечерва мора да ги освојат трите бода.
Предлог тип: T22+&ГГ (2.65) – Квота на денот во Sport Life
Уеска – Атлетик Билбао (21 ч.)
Домаќините се последнопласирани во Примера, но полека како да се „будат“, па во последните три меча освоија дури седум бода. И Атлетик Билбао беше многу слаб, но тимот кој заедно со Барселона и Реал Мадрид е единствен што не испаднал од првенството, сега полека се придвижува кон средината на табелата.
Атлетик има само една победа во 11 меча на гости сезонава, а фактот дека двете екипи имаат нестабилна одбрана вели дека е најдобро да се игра на погодоци.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20) – Квота на денот во Sport Life
Кротоне – Пескара (21 ч.)
Ако некој е слаб домаќин, тоа е Кротоне. Во 11 меча пред своите навивачи, тимот победил само двапати и токму поради тоа е во зоната за испаѓање. Ако нешто може да биде утеха за Кротоне е тоа што и Пескара не блеска на гостински терен, па може да се очекува меч на кој домаќините може да се надеваат на бодови.
Традицијата на овие два ривали вели дека на девет од последните 10 меѓусебни средби имало барем по три гола, што е навистина реткост за екипи кои не се од Серија А.
Предлог тип: 3+ (2.12)