Ливерпул на свој терен одигра само 2:2 против Фулам, иако домаќините беа големи фаворити пред почетокот на средбата. Фулам водеше со 1:0, потоа Ливерпул остана и без Робертсон кој доби црвен картон во 16 минута.
И со фудбалер помалку Ливерпул тргна офанзивно во второто полувреме. Прво израмни на 1:1, но Фулам повторно даде гол за 1:2. До крајот на дуелот Ливерпул стигна до 2:2, а по завршување на мечот, многу фанови на Црвените реагираа на една судиска одлука.
Се играше 50 минута кога судијата Тони Харингтон воопшто не сакаше да гледа репетиција по еден судар на двајца играч во шеснаесетникот на гостите. Кени Тете стартуваше над Џо Гомес, но арбитарот воопшто не го оцени тој дуел како можност да се досуди пенал.
Играчите на Ливерпул бараа пенал, но не добија, а реакции имаше и од навивачите кои разочарани си заминаа од „Енфилд Роуд“.
🗣 “Stonewall penalty but it’s Liverpool.”
Footage has quickly gone viral and fans want action taken. Huge moment in the title race… 😬 pic.twitter.com/VwTsEFCH1M
— SPORTbible (@sportbible) December 14, 2024