Ван Дајк има три понуди од европски гиганти, но тој има друг план, а тоа не е Ливерпул

Вирџил ван Дајк е една од трите големи ѕвезди на Ливерпул чии договори истекуваат на крајот од сезонава. Освен на Ван Дајк, непозната е иднината и на Мохамед Салах и на Трент Александер-Арнолд и токму затоа неколку големи клубови се интересираат за ова трио.

Ван Дајк е еден од најдобрите дефанзивци во светот, Ливерпул за него плати над 80 милиони евра, а сега е можно да си замине како слободен играч. Според пишувањата во Шпанија, за Ван Дајк се интересираат три гиганти, и тоа Баерн Минхен, Јувентус и Реал Мадрид. Сите овие гиганти сигурно би имале корист од искусен дефанзивец како што е холандскиот репрезентативец.

Сепак, шпекуалциите се дека Ван Дајк ги одбил сите три понуди затоа што сака да заигра во дресот на Барселона. Наводно, Холанѓанецот сакал да соработува со Ханси Флик, кој сега е тренер во каталонскиот гигант.

Останува до крајот на сезоната да се види каков ќе биде расплетот, но сè поизвесно е дека 34-годишниот дефанзивец ќе си замине од „Енфилд роуд“, а неговата следната дестинација уште останува енигма.

 

- Оглас -

Најнови вести