Брегот на Слоновата Коска сè уште не примил гол во квалификациите. Девет од 10 кола од квалификациите за Светското првенство во Африка се одиграни, а тимот го држи првото место со неверојатна гол-разлика од 22:0.
Тимот, кој е и фаворит во Групата Ф, го држи првото место со резултат од седум победи и два нерешени резултати, но дури ни тоа не е гаранција за пласман на Светското првенство.
Габон заостанува зад нив само со еден бод пред денешното последно коло од квалификациите. Доколку Брегот на Слоновата Коска не успее да слави над Кенија, а Габон победи против Бурунди, тогаш Брегот на Слоновата Коска ќе го загуби првото место и директниот пласман на Светското првенство.
Би било интересно Брегот на Слоновата Коска и Кенија да одиграат нерешено без голови. Во тој случај популарните „Слонови“ би го загубиле првото место во квалификациите без да примат ниту еден гол во сите 10 натпревари.
За потсетување, Африка вчера ја доби 14-тата репрезентација во историјата која се квалификуваше на Мундијалот, а тоа е Зеленортски Острови. Тоа воедно е и најмалата земја по површина што некогаш е на планетарен собир.