Вашингтон капиталс – Каролина хурикејнс (НХЛ, 01.30 часот)
Хокеарите на Каролина одлично му се спротивставија на актуелниот шампион и се изборија за мајсторка.
Проблем за нив е што имаат пет порази по ред кога гостуваат кај Вашингтон и што Овечкин и соиграчите имаат поголемо искуство во вакви мечеви, кога се решава сè.
Двајца мошне важни хокеари, по еден во двете екипи ќе отсуствуваат поради повреди. Свечников беше нокаутиран од Овечкин и веројатно нема да игра, а сигурно на мразот нема да биде Ти-Џеј Оши кај Вашингтон.
Проблемите мора да се надминат, се работи за мајсторка во една извонредна и неизвесна серија за пласман во второто плејоф-коло во Источната конференција, а шансата е голема бидејќи веќе се во аут два големи фаворити, Тампа Беј и Питсбург.
Вашингтон е поискусна екипа и типуваме дека ќе ја продолжи одбраната на титулата во НХЛ-лигата.
Предлог тип: 1 (2.22) Супер тип Sport Life
Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Јута џез, НБА, 02 часот)
Хјустон игра многу мудро во серијата со Јута, а Харден и Капела успеваат да ги надиграат Мичел и Гобер во играта два на два.
Рики Рубио не може да го чува Харден, во поголем дел од мечевите популарниот Брада доминираше, а и ноќеска тој ќе биде клучниот фактор на Ракетите со победа да се стави крај на плејоф-серијата од првата рунда.
Харден е незапирлив, особено добро игра на домашен терен против Јута и ќе типуваме дека ќе успее да ја мине границата од 48.5 во збир на поени, асистенции и скокови, игра што ја има само во обложувалниците на Sport Life.
Предлог тип: Харден >48.5 поени+асистенции+скокови (1.87)
Руди Гобер (Хјустон рокитс – Јута џез, НБА, 02 часот)
Центарот на Јута одлично ја почна серијата, но сега страда во системот на игра што против него одлично го подготви Мајк Дантони.
Тактиката да се исфрли Гобер надвор од рекетот на тренерот на Хјустон успева. Руди пречесто се наоѓа во ситуација на „скриновите“ да излегува на Харден и да го брани нападот на најопасниот кошаркар на Хјустон. Гобер нема добар шут од дистанца, а Хјустон според рецептот на Дантони го остава слободно да упатува удари подалеку од кошот, што не му одговара на одличниот центар.
Бројките драстично му паднаа на последните три натпревари од плејоф-серијата со Хјустон, тактиката на домаќините ќе биде иста, да се изолира Гобер, па типуваме дека центарот на Џезерите нема да ја мине границата од 26.5 во збирниот ефект на поени, асистенции и скокови.
Предлог тип: Гобер <26.5 поени (1.85)
Кевин Дурант (Голден стејт вориорс – Лос Анџелес клиперс, НБА, 04.30 часот)
Кога е расположен за игра, Дурант е несопирлив за кој било противник во НБА-лигата. Надмоќен е со висина од 211 сантиметри за крило, а сето тоа е надополнето и со екстра квалитет. Ги познава сите тајни на кошарката и кога ќе тргне како што умее, едноставно не може да се чува.
Серијата со Клиперс ја почна малку поскромно, но блескаше на последните два меча со 38 и 33 постигнати поени.
Ноќеска шампионот може да ја заврши серијата во првиот плејоф-круг, а типуваме дека и третпат по ред крилото на домаќините ќе постигне 30+ поени против Клиперс.
Предлог тип: Дурант >28.5 поени (1.90)
Лу Вилијамс (Голден стејт вориорс – Лос Анџелес клиперс, НБА, 04.30 часот)
Бекот на Клиперс блеска на 32-годишна возраст, тој е прв кандидат за најдобар шести играч во НБА-сезонава, а одлично го предводи тимот.
Шампионот е пресилен за Клиперс, но Вилијамс и соиграчите ги собраа симпатиите. Особено ќе се памети пресвртот на вториот меч од оваа плејоф-серија, кога анулираа негатива од 31 поен и победија.
Вилијамс е расен стрелец, знае во рафали да погодува и кога ќе се разигра, тешко се игра против него.
Ноќеска гостите немаат што да загубат, Голден стејт и пред почетокот на серијата беше голем фаворит, па Клиперс ќе се обидат да избегнат елиминација. За таков подвиг им треба ново блескаво издание на искусниот 32-годишен бек.
Вилијамс игра без притисок има одличен шут и типуваме дека ќе успее да ја мине границата од 21.5 поен.
Предлог тип: Вилијамс >21.5 поен (1.85)