Шок над шоковите: на Сенегал му е одземена титулата, Мароко е прогласен за првак на Африка!

Финалето на Африканскиот куп на нациите, кое се играше на 18 јануари, е пререгистирано со службена победа на Мароко од 3-0, објави вечерва Фудбалската конфедерација на Африка.

Ова е нечуена одлука во историјата на репрезентативниот фудбал, особено што станува збор за континентално првенство. Сенегал го доби финалето со 1-0 со гол во продолжението и ја славеше титулата, жалбата на Мароко поради напуштањето на теренот од страна на сенегалските играчи за време на финалето поради незадоволство од судењето и досудениот пенал за Мароко во финишот на регуларниот дел беше прифатена.

„Жалбениот совет на КАФ пресуди дека согласно членот 84 од Правилникот за Африканскиот куп на нациите, репрезентацијата на Сенегал е прогласена за губитник во финалето на Африканскиот куп на нациите, што резултираше со резултат од 3-0 во корист на Кралската мароканска фудбалска федерација“, се вели во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести