Руските стрелци се на готовс, ќе има голови на НХЛ дербито

Паскал Сиакам (Торонто репторс – Филаделфија 76, НБА, 02 часот)

Крилото на Торонто прераснува во врвен кошаркар, а тоа го потврди повторно и на првиот меч од плејоф серијата со Филаделфија.

Лесно постигнува кошеви, во плејофот речиси постојано е со учинок од над 20 поени, а и ноќеска на вториот дуел дома со Филаделфија треба да биде главен адут на домаќините заедно со Кавај Ленард.

На дуелите со 76-те на Сиакам му оди одлично, па ќе типуваме дека во вкупен збир на поени, асистенции и скокови ќе ја мине границата од 31.5.

Предлог тип: Сиакам >31.5 поени+асистенции+скокови (1.80)

 

Кавај Ленард (Торонто репторс – Филаделфија 76, НБА, 02 часот)

Торонто лета на крилјатра на одличните крила, а број 1 кошаркар кај Репторс секако е Кавај Ленард. Еден од најсестраните кошаркари во НБА лигата и играч за кого нема тајни во оваа игра.

Офанзивно е незадржлив во плејофот и тој е лидерот на тимот што води во серијата со 76-те. И ноќеска Ленард ќе биде првиот избор за шут во нападот на Торонто, а ако влезе во ритам нема кој да го сопре. Иако противник ќе му биде еден од најдобрите дефанзивци во Лигата, Џими Батлер, сепак Ленард може пак да ја мине границата од 30 поени.

На првиот меч постигна 45 поени, па ќе типуваме дека повторно ќе биде ефикасен.

Предлог тип: Ленард >28.5 поени (1.80) 

 

Џоел Ембид (Торонто репторс – Филаделфија 76, НБА, 02 часот)

Ембид мора да одигра многу подобро од првиот меч против Торонто, ако Филаделфија сака да остане во игра за финалето во Источната конференција.

Центарот на 76-те лошо ја почна и претходната серија со Бруклин, но потоа доминираше и ја предводеше Фили до следната рунда со 4 победи по ред.

И ноќеска тој мора да ја превземе улогата на лидер на тимот што има одлична петорка со Ол-стар калибар. На Ембид ќе му се спротивстави одличниот Марк Гасол, но границата од 23.5 поени за кошаркар каков што е Ембид не е многу.

Предлог тип: Ембид >23.5 поени (1.95)

 

Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс, НБА 02 часот)

Центарот на Денвер ги издржа сите притисоци, делумно и не веруваа дека ќе игра така добро во плејофот, како што тоа го правеше во регуларниот дел, но Јокиќ испорача остар демант со импресивните настапи против Сан Антонио.

Никола игра извонредно, бележи трипл-дабл учиноци, или е многу блиску, што за плејоф е перфектно остварување. И тоа го правеше против тимот на Грег Попович, кој знае да игра одлична одбрана.

Ноќеска почнува уште една интересна серија, а Јокиќ пак ќе биде предводник на Денвер на патот кон финалетов о Западната конференција.

Противник во рекетот ќе му биде Енес Кантер, но неизвесно е дали тој ќе игра, што му дава голема предност на Јокиќ. И да игра Кантер не е калибар на нивото на српскиот центар, па очекуваме Никола да доминира под кошот. Знае да шутне и тројка, има неверојатни асистенции и лесно може да ја мине триплетата 43.5, колку што нуди обложувалницата Sport Life.

Предлог тип: Јокиќ >43.5 поени+асистенции+скокови (1.90)

 

Далас старс – Сент Луис блус (НХЛ, 02 часот)

Далас направи брејк на вториот меч од серијата и сега според правилата на НХЛ лигата со 1:1 на гостински терен ќе има можност да биде домаќин во евентуалниот меч што ќе одлучува за едниот финалист во Западната конференција.

Но, во овој плејоф во НХЛ се случуваат чуда, па тешко се прогнозираат исходите на мечевите. Се игра многу интересен плејоф, а на дуелите меѓу Далас и Сент Луис постојано има доста голови.

На последните 8 меѓусебни мечеви немало реми што е интересен податок. Двата тима имаат страшен прв  напад предводени од руските стрелци Радулов кај Далас и Тарасенко во таборот на Сент Луис. Тука се и Сегуин и капитенот Џејми Бен кај Старс и О`Рајли и Перон кај Сент Луис.

Екстра квалитетните офанзивци ветуваат нов ефикасен меч, па ќе типуваме на голови.

Предлог тип: >4.5 гола (1.75)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести