Каролина по завршен удар против Ајлендерс

Каролина хурикенс – Њујорк ајландерс (НХЛ, 01 часот)

Ниту најголемите оптимисти, па ни навивачите на Каролина не очекуваа ваков урагански плејоф од тимот што тргна во доигрување на Истокот од НХЛ како втората најслаборангирана екипа.

На стартот беше елиминиран шампионот Вашингтон, а и ноќеска Каролина игра за победа и елиминација на уште еден фаворит. И ако пак го надиграат Њујорк ајландерс ќе бидат финалисти во Источната конференција со чисти 4:0 во победи.

Ајландерс не играат толку лошо како што можеби покажува сегашниот скор од 0:3 во победи, а ноќеска немаат многу избор. Не смеат да загубат, тоа е екипа која игра цврсто, одлично се брани и може да и се спротивстави на Каролина. Домаќините се во налет, но ќе имаат многу мака да го скршат отпорот на тимот од Њујорк и веќе од ноќеска да се најдат меѓу четирите екипи што ќе играат за титулата.

Предлог тип: Х (3.95)

 

Сент Луис блус – Далас старс (НХЛ, 03.30 часот)

Ова е ефикасна серија со доста голови на секој меч и многу израмнета, па битката за финале во Западната конференција е суперинтересна.

Во „Ентерпрајс центарот“ во Сент Луис на ред е петтиот меч што е исклучително значаен бидејќи победникот ќе биде на само една победа до пласман понатаму.

Далас направи брејк на вториот меч, но потоа Сент Луис возврати со победа на првото гостување, па сега серијата е со скор 2:2.

Тешко е да се процени кој е фаворит во дуелите на два многу израмнети и добри екипи, па можеби е време и да одлучува гол во продолжение.

Предлог тип: Х (3.85)

 

Кајри Ирвинг (Бостон селтикс – Милвоки бакс, НБА, 02 часот)

Лани Бостон го елимин ираше Милвоки во првото коло од плејофот во неизвесна серија што стаса и до мајсторка. И тоа го сторија без Кајри Ирвинг, кој сега е главен адут на тимот.

Како тргнало повторно се позивесно е дека повторно серијата ќе трае долго, а многу работи околу конечниот исход зависат од феноменалниот бек на Бостон.

Кога Кајри игра како што умее, тешко се победуваат Келтите. На првиот меч одигра мајсторски и со 26 поени беше лидер во победата на Бостон, но потоа потфрли со само 9 поени и Милвоки убедливо го победи гостинот и израмни на 1:1.

Ирвинг го има најдобриот „крос-овер“ дриблинг во НБА, но имаше и многу критики кон него дека нема капацитет да биде лидер. Сепак квалитетот е исклучителен, Кајри е во топ-5 најдобри бекови во лигата и ќе сака да ги демантира скептиците дека може да го предводи тимот далеку, па дури и во битка за титулата.

Предлог тип: Ирвинг >23.5 поени (1.87)

 

Јанис Адетокумбо (Бостон селтикс – Милвоки бакс, НБА, 02 часот)

Главниот адут на Милвоки бакс мора да одигра на препознатливо ниво, ако најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната сака да ја врати предноста на домашен терен да одлучува за финалистот во Источната конференција.

Бостон направи брејк на првиот меч, кога Јанис одигра нешто послабо и остана на за него скромни 22 поени. Адетокумбо игра одлично против Бостон, екипа што игра одлична одбрана.

Им даваше 30 или повеќе поени на трите меча во регуларниот дел од сезоната, но сега во плејофот на два меча е под триесетката.

Од него зависи како ќе одигра Милвоки во офанзива, а границата на поени во понудата на Sport Life е 29.5 поени. Типуваме дека ноќеска Јанис ќе има повеќе поени и дека ќе ја мине границата од 30.

Предлог тип: Адетокумбо >29.5 поени (1.87)

 

Никола Јокиќ (Портланд трејлблејзерс – Денвер нагетс, НБА, 04.30 часот)

Центарот на Денвер продолжува да ги воодушевува кошаркарските вљубеници со одлични игри. Јокиќ може се во НБА и да поентира и неверијатно да асистира, а речиси редовно бележи двоцифрен број на скокови.

Или се заедно таман за играта каде се брои збирот на поени, асистенции и скокови. Јокиќ е во просек блиску до трипл-дабл во серијата со Портланд, а нема причина повторно да не одигра добро и во третиот меч, сега прв за Денвер на гости кај Портланд.

Јокиќ е во одлична форма и ќе типуваме дека ќе има повеќе збир на сите три главни категории во кошарката поголем од 43.5.

Предлог тип: Јокиќ >43.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести