Само реми издвои Барселона на гостувањето кај Осасуна при конечни 2-2 во мечот од третото коло во Ла Лига. Каталонците и на вториот меч сезонава пред непријателски навивачи не успеваат да освојат три бода, по поразот од Билбао во првото коло. Колку всушност избраниците на Ернесто Валверде беа безопасни говори и нивната статистика во првото полувреме, во кое Барса не забележа ниту еден удар во рамките од голот на Рубен.
Роберто Торес беше најголемата закана по голот на Барса, а шпанскиот фудбалер ја затресе мрежата на Тер Штеген по саму седум минути игра. Најмладиот играч во составот на Барселона, Ансумане Фати, по неговото влегување во игра му требаа пет минути да го запише дебитантскиот гол за Каталонците, а само 15 минути подоцна стрелаше и вториот играч кој влезе од клупа, Артур Мело, за целосен пресврт на резултатот.
Барса во последните 10 минути од мечот влезе со минималната предност, која беше анулирана по вториот гол на Торес на мечот. Пике играше со рака во шестнаесетникот по што неговиот тим беше казнет со пенал, а Торес израмни за конечни 2-2.
https://www.youtube.com/watch?v=K5RkqV812Gc
https://www.youtube.com/watch?v=AC5ZUcuiTp0
https://www.youtube.com/watch?v=XKgucKCyp3A