Прогнозерите се разочараа од Сити, малкумина веруваат дека Граѓаните ќе го победат Ливерпул

Вчера почна типувањето за новото 12-то коло на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life, а меѓу 13-те натпревари на кои треба да се погоди конечниот исход има неколку големи дербија и вистински предизвици.

Ливерпул е домаќин на Манчестер сити, а според процентите на оние играчи кои веќе типувале, може да се заклучи дека падна довербата во Граѓаните. Минатото коло над 85 отсто прогнозери типуваа на победа на Сити против Тотенхем, а сега само 17 отсто веруваат дека тимот на Гвардиола ќе го совлада лидерот на Премиер лигата. Кец на Ливерпул, кој му бега големи 8 бода на Сити, одиграле над половина прогнозери.

За бундеслигашкото дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, фаворит на мнозинството се гостите. Речиси две третини, поточно 62 процента, прогнозираат победа на Баерн во Дортмунд.

В недела се игра најголемото хрватско дерби, Хајдук на „Пољуд“ ќе му биде домаќин на Динамо Загреб, а кај овој пар половина прогнозери типувале на нерешено.

Прогнозерот кој ќе ги има погодено сите 13 натпревари од основната понуда (резервните парови се сметаат само за генералниот пласман), ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести