ПСЖ и Реал ја комплетираат голманската трампа

Реал Мадрид и Пари Сен Жермен најдоцна до утре ќе ја комплетираат најавената голманска трампа, а во Мадрид на медицински прегледи веќе пристигна Алфонс Ареола, чуварот на мрежата на парижани. Тој ќе треба само да ја заврши формалноста и да се приклучи на новиот клуб на тренинзите од понеделник.

Кејлор Навас според најавите во шпанските и француските медиуми по мечот меѓу Вилјареал и Реал Мадрид, што се игра вечерва, ќе отпатува за Париз на потпис на договорот со ПСЖ.

Утре е последниот ден од летниот преоден рок, па двата клуба и голманите ќе го фатат последниот воз за да ги комплетираат голманските трансфери.

 

- Оглас -

Најнови вести