Грција стартуваше одлично на 18-то Светско првенство во кошарка, а нашиот јужен сосед ја декласираше Црна Гора со 85:60 во премирениот меч за двете селекции.
Ветеранот Принтезис со 16 поени ги предводеше Грците до првата победа на Мундијалот, а Папајанис го заврши мечот со 15 поени.
Главната ѕвезда на тимот, Јанис Адетокумбо играше 16 минути и забележа ефект од 10 поени и 8 скока. Мечот беше решен по првото полувреме и по 20 минути игра резултатот беше 42-16.
https://twitter.com/FIBAWC/status/1168152644575092737?s=20
Црногорците во двете стартни четвртини останаа на едноцифрен ефект од 9, односно 7 поени, благодарение на неверојатно добрата одбрана на фаворитот.
НБА ѕвездата Никола Вучевиќ беше најефикасен кај поразениот состав со 12 поени, а уште само Петар Поповиќ со 11 поени имаше двоцифрен ефект кај Црногорците.