Играчот на Селтик, Скот Браун, бил навредуван по завршувањето на Олд-Фирм дербито во Шкотска од мала група навивачи на Глазгов ренџерс, а еден од навивачите е казнет со доживотна забрана за присуство на „Иброкс парк“.
„Како е сестра ти“, довикувале хулиганите кон Браун, што е морбидна навреда за играчот чија сестра почина во 2008 година од рак на кожата.
Веднаш реагираа од спротивниот табор и покрај големиот ривалитет што двата клуба го имаат веќе три века, го осудија инцидентот и го казнија навивачот.
Голем дел и од навивачите на Глазгов ренџерс го осудија чинот и вербалниот напад насочен кон Браун. Скот е капитен на Селтик, а двата клуба имаат страотно голем ривалитет. Олд-Фирм дербито е едно од најголемите во светот на фудбалот, а првиот меч градските ривали го одиграа во 1888 година и дуелот во неделата што го доби Селтик со 2:0 беше 418-та епизода.
Сестрата на Браун, Фиона почина на 21-годишна возраст, а одличниот фудбалер на Селтик постојано истакнува дека нејзината смрт го потресе од темел, што беше злоупотребено на морбиден начин од мала група симпатизери на Глазгов ренџерс во неделата.