Македонија и без Пандев оди на победа против Израел

Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Израел во меч од петтото коло во квалификациите за пласман на Европско првенство 2020 година. По досегашните четири меча, нашата селекција има само четири бода, а Израел е втор со седум бодови. Освен овој дуел, вечерва и во следните денови ќе се играат уште многу мечеви од квалификациите за ЕП 2020, а комплетната понуда за обложување може да ја пронајдете на Sport Life.

Голем проблем за Македонија ќе биде најавата дека капитенот Горан Пандев има хематом во половината и дека нема да биде подготвен за дуелот, како и фактот дека Аријан Адеми се жали на повреда, но тој би требало да биде и во стартниот тим. Дури и во ситуација во која селекторот Игор Ангеловски има проблеми со повредени играчи, оптимизмот останува.

„Пред две години победивме, а нашиот тим е 95 отсто ист од тој меч, но нивниот состав е различен. Адеми е многу подобар, но ме загрижува повредата на Пандев. Неговиот настап е неизвесен“, рече Ангеловски.

Голманот Дени Илев очекува по завршување на мечот нашите фудбалери и навивачи да се радуваат.

„Ние дојдовме да се бориме и подготвени сме да победивме и да донесеме радост за нашите навивачи“, рече Илиев.

Сепак, со свои калкулации се и домаќините. Израел одлично ги започна квалификациите и е на позиција која носи на завршницата на ЕП.

„Играме на домашен терен, во тимот владее оптимизам и знаеме дека ако сакаме да одиме на ЕП, мора да победиме на овој меч“, рече селекторот на Израел, Енди Херцог.

Еве како беше пред две години на гостувањето на Македонија кај Израел и да се надеваме дека и вечерва ќе биде исто.

 

- Оглас -

Најнови вести