Прворангираниот тенисер на АТП листата, Италијанецот Јаник Синер, го изрази своето разочарување и изненадување од веста дека Светската антидопинг агенција (ВАДА) го обжалила неговиот случај, барајќи двегодишна суепензија.
„Многу сум разочаран и изненаден од оваа жалба. Имавме три рочишта, и сите беа многу позитивни за мене. Не очекував дека ќе поднесат жалба“, рече Синер.
Тој додаде дека ВАДА сака само да се увери дека сè е на вистинското место.