Роналдо е најдобар стрелец во квалификации за ЕП, му помогна литванскиот голман (Видео)

Кристијано Роналдо вечерва постигна четири гола за Португалија против Литванија на мечот кој е во тек и со 25 голови е најдобар стрелец во историјата на квалификациските натпревари за ЕП.

Зад себе го остави Роби Кин од Република Ирска, кој досега беше лидер со 23 погодоци. На третото место е Данецот Јон Дал Томасон со 20 погодоци.

Мала помош за Роналдо стигна и од литванскиот голман Ернестас Шеткус, кој несмасно реагираше при вториот гол на најдобриот стрелец на сите времиња во евроквалификациите.

https://www.youtube.com/watch?v=cj9yWzIgh8g

- Оглас -

Најнови вести