Ја додаде топката на голманот со глава и доби жолт картон (Видео)

Раднички Крагујевац го изненади тимот на ТСЦ и славеше на гостувањето во Бачка Топола со 2:0 во меч од 12 коло на српската Супер лига. Со оваа победа Раднички стигна до 17 бодови и се искачи на петото место на табелата, а ТСЦ остана на 16 бодови и сега е на осмото место.

Освен двата гола кои донесоа три бода на гостите, мечот го одбележа и една необична ситуација. Се играше 79 минута кога гостинскиот играч Мехмед Чосиќ реши да му ја додаде топката на својот голман и тоа со глава.

Топката беше на земја, а Чисиќ буквално легна за да може да му ја подаде топката на голманот со глава. Тогаш веднаш реагираше судијата и досуди индиректен удар за домаќините, а Чосиќ доби жолт картон.

@arenasporttv

Meč između TSC-a i Radničkog 1923 obeležio je potez Mehmeda Ćosića! #fudbal #superliga #sls #viral #tsc #radnicki

♬ original sound – TV Arena Sport

Во неверување беа речиси сите фудбалери на теренот, но судијата Срѓан Јовановиќ, кој од 2015 година е со знакот на ФИФА, покажа дека одлично ги познава правилата и стриктно ги применува.

Според правилата на фудбалската игра, играчот не смее намерно да иницира потег за додавање на топката кон голманот со глава, гради, колено или друг дел од телото, вклучително и од слободен удар или удар, со цел да се избегнат правилата на играта.

За среќа на гостите, овој индиректен удар не го загрози нивниот гол, а фудбалерите научија едно значајно правило.

- Оглас -

Најнови вести