За утеха – Американците се седми на Мундијалот во Кина

Американците се седма кошаркраска сила на светот, откако денеска ја победија Полска со 87:74. Ова е голем неуспех за повеќекратниот светски првак, кој беше главен фаворит за златото, иако во Кина не играа во најдобриот состав.

Денеска беа надмоќни во дуелот со Полјаците, а дилемите околу победникот го решија уште по првото полувреме што го завршија со предност од 47.30.

Динован Мичел повторно беше прв стрелец кај САД со 16 поени, а Џо Харис постигна 14 поени. Полјаците се обидоа да приредат подвиг, одиграа одлична трета четвртина, што ја добија со 25:16, но немаа сили за целосен пресврт.

Матеуш Понитка беше најефикасен во таборот на поразените и на мечот со 18 поени, а Адам Вачински постигна еден поен помалку.

Од 14 часот за петтото место ќе играат Србија и Чешка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести