Еурофарм Работник го загуби и вториот дуел во групната фаза во Лигата на шампионите откако на гостувањето кај Савехоф испушти предност од пег гола и загуби со конечни 25:24. Битолскиот состав иако одигра фантастично во првото полувреме, во кое поведе со 15:10, во вторите 30 минути ракометарите на Алушовски постигнаа само девет гола и претрпеа ново разочарување.
Македонскиот претставник уште од стартот на мечот ја презеде иницијативата, а пред паузата со неколку одлични напади дојдоа до +5. Наместо со исто темпо да се задржи избореното водство, гостите му дозволија на Савехоф да се врати во игра со серија од 8-4, а по 18-18 шведскиот тим запна уште повеќе и успеа да поведе со три гола.