Де Лихт го одбра Јувентус поради парите

Во таборот на Барселона се надеваа дека во летниот преоден рок ќе ги спојат холандските суперталенти на Ајакс, Френки де Јонг и Матајс де Лихт. Сепак, екскапитенот на Копјаниците ја прифати понудата на Јувентус и кариерата ја продолжи во Торино, додека Де Јонг и пред финишот на минатата сезона веќе имаше постигнато договор со Каталонците.

По извесно време, за пропаднатиот трансфер на Де Лихт се огласи извршниот директор на Барселона, Оскар Грау. Тој тврди дека Холанѓанецот одбра преселба во Италија бидејќи таму данокот процентуално е понизок во однос на Шпанија, што му овозможува поголема нето-заработка на Де Лихт.

„Направивме сè што е во наша моќ да го доведеме, но тој го одбра Јувентус, односно Италија, каде што данокот му овозможува поголеми примања“, истакна Грау.

Колку за напомена, Де Лихт потпиша петгодишен договор според кој заработува 8 милиони евра и дополнителни 4 милиони во бонуси годишно.

- Оглас -

Најнови вести