Клоп: Овој Челзи ме потсетува на мојата Борусија Дортмунд

Ливерпул ќе има тешка задача за да продолжи со перфектен биланс во Премиер лигата бидејќи в недела тимот на Јирген Клоп ќе гостува кај Челзи во Лондон. Германскиот стратег ќе треба да направи посебна тактика ако сака да ги свои трите бода од дуелот на „Стемфорд бриџ“.

Главниот адут на Челзи се младите фудбалери, кои впрочем и ги постигнуваат погодоците за лондонскиот тим во новата сезона.

„Овој тим на Челзи е многу способен. Малку ме потсетува на мојата Борусија Дортмунд од пред повеќе години. Тогаш имавме многу млади играчи, дури може и помлади играчи од овие што сега ги има Челзи. Луѓето постојано велеа колку се млади, но ние имавме добри резултати. Тоа беше не затоа што се млади, туку затоа што беа добри играчи. Така е сега и со Челзи. Млади се, но најважно е што се добри“, вели Клоп.

Сите 11 погодоци кои Челзи ги даде сезонава се постигнати од играчи кои немаат повеќе од 21 година. Тоа што е негативно за овој неискусен тим на Челзи е играта во одбраната. Со 11 примени голови, Челзи ја има втората најлоша одбрана во лигата. Само Норвич има примено повеќе погодоци од лондонскиот тим во првите 5 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести