Гвардиола: Да застаневме по 5-0, ќе покажевме непочитување кон противникот и навивачите

Актуелниот англиски првак Манчестер сити, на најдобар можен начин одговори по шокантниот пораз од Норич во претходното коло од Премиер лигата. Денес на „Етихад“ настрада Ватфорд во триумфот на Граѓаните од 8-0, што е една од најголемите победи на Сити во клупската историја.

По мечот, Пеп Гвардиола истакна дека неговите фудбалери не смееја да застанат по водството од 5-0, кое го остварија за неполни 20 минути.

„Точно е дека бевме неприкосновени, затоа и не сакав да застанеме по водството од 5-0 во првото полувреме. Без разлика што предноста беше огромна, ќе покажевме непочитување кон противникот, но и нашите навивачи ако по петтиот гол застаневме со нашата игра. Тие на стадион доаѓаат за да ние ги забавуваме, па се надевам дека им го разубавивме овој сончев ден. Игравме сериозно, немаше ништо специјално во нашата игра, само си ја завршивме работата“, истакна Пеп.

- Оглас -

Најнови вести