Сити на Вотфорд за 18 минути му даде пет гола, и го загрози рекордот на Јунајтед

Манчестер сити попладнево против Вотфорд направи нешто што не е видено во историјата на англиската Премиерлига. „Граѓаните“ станаа првиот тим кој постигнал 5 гола во првите 18 минути од натпреварот.

Тимот на Гвардиола го растури гостинот за 18 минути, стрелци беа пет различни играчи, но потоа уште половина час не даде гол, па на полувреме резултатот е 5-0. Сити останува во игра да го изедначи или урне рекордот на Манчестер јунајтед од 9-0. Јунајтед со 9-0 го прегази Ипсвич во 1995 година. Сити во 1987 година има дадено 10 гола (тројца играчи направија хет-трик) против Хадерсфилд, но тогаш лигата не се викаше Премиерлига и затоа како рекорд стојат оние 9-0 на „црвените ѓаволи“.

Досега 14 пати се видени победи од седум или повеќе гола разлика, а интересно е што ниту еден од тие тимови кои славеле толку убедливо, не водел со пет разлика по првите 45 минути.

Гол-серијата на Сити ја отвори Давид Силва во 52-рата секунда од средбата. Тоа е најбрз гол сезонава во англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести