Челзи го загуби дербито од Ливерпул, а со тоа лондонскиот клуб постави еден неславен рекорд. За прв пат во последните 30 години, Челзи започнува без победа во првите четири меча на свој терен во сезоната. И покрај поразот, тренерот на Челзи, Франк Лампард, имаше позитивно мислење за мечот и за тоа како одиграле неговите играчи.
„Нема зошто да бидеме загрижени. Не заслуживме да загубиме, а и не е крај на светот. Тоа како што одигравме во второто полувреме, е тоа што го сакаме. Секако дека на крајот најважни се бодовите, но и тие ќе дојдат“, рече Лампард, а многу брзо потоа следуваше реакција на некогашниот негов тренер во Челзи, Жозе Мурињо.
Португалскиот стратер, кој речиси една година е без работа, имаше свој коментар за дербито на „Сметфорд бирџ“, кој нема да им се допадне на многу фанови на Челзи.
„Кога ќе почнете да ги прифаќате поразите и да се задоволите само затоа што вашата екипа играла добро и само затоа што вашите играчи дале сѐ од себе, мислам дека тоа е моментот кога еден голем клуб станува мал“, кратко објасни Мурињо во својата анализа за „Скај спорт“.