Навивач(к)ите на Манчестер јунајтед почнаа да спијат на натпревари (Видео)

За време на поразот на Манчестер јунајтед против Вест хем од 0-2, една навивачка на Црвените ѓаволи при резултат 0-1 беше снимена како спие потпрена на рамото на нејзиното момче. И изразот на лицето на момчето покажува дека не му се допаѓа тоа што го гледа на теренот.

Јунајтед има само две победи во шест премиерлигашки кола, а она што ги загрижува фановите не се само резултатите, туку и играта и впечатокот кој го остава тимот. Ако продолжат во ист стил, спиењето на трибините може да продолжи, а ќе се зголемат барањата на сметка на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести