Аталанта „ја рани“ римската волчица (видео)

Аталанта ѝ го зеде скалпот на Рома на „Олимпико“ со конечни 2-0 во мечот од петтото коло во Серија А. Избраниците на Џанпјеро Гасперини ѝ го нанесоа првиот овосезонски пораз на Римската волчица, а со новите освоени бодови направија исчекор на табелата како трет тим кој има двоцифрен број бодови по Јувентус и Интер.

За третиот триумф по пет меча се погрижи Дуван Запата во 71-вата минута, Колумбиецот продолжува со извонредната голгетерска форма и сега брои четири гола. Дилемите ги разреши Де Рун во последната минута од регуларните 90.

https://www.dailymotion.com/video/x7lprw8

- Оглас -

Најнови вести