Палмеирас и Гремио се тандем за „кец во кец“

Атлетико Минеиро – Колон (Копа Судамерикана, полуфинале 02.30 часот)

Атлетико го чека реваншот со солиден резултат од првиот меч што го загуби со 1:2 на гости, но и во катастрофална форма. Загубија и од Аваи во домашното првенство, па сега имаат црна серија од пет порази. Самодовербата ќе биде главниот проблем за избраниците на Рикардо Сантана во обидот да се елиминира Колон.

Домаќините имаат проблеми и со неколку повредени играчи, а ќе отсуствуваат Жаир, Виктор, Мајдана и Бланко, што е хендикеп за нив. Сантана играше со комбиниран состав против Аваи и поразот од аутсајдерот беше неминовен, па сега ќе мора со сите расположливи сили да атакува на победа.

Главен адут на Атлетико е искусниот шпиц Франко ди Санто. Аргентинецот во Европа играше долг период за познати екипи од калибарот на Челзи, Блекбурн, Виган, Вердер Бремен и Шалке 04, па од него се очекува да го предводи бразилскиот состав до финале.

Колон исто така играше со комбиниран состав и загуби од Ланус со 2:3 во последното коло од аргентинскиот шампионат. Во стартниот состав ќе се вратат Родригес, Естигарибија, Лертора… Колон не е без шанси за подвиг и пласман во финалето на Копа Судамерикана и дуел со првиот финалист Индепендиенте Дел Вале.

Предлог тип: 2>1 (2.05)

 

Палмеирас – ЦСА (Серија А, Бразил, 00.15 часот)

Мано Менезес прави чуда на кормилото на Палмеирас и го врати тимот на победнички патеки. Има 4 победи и освои максимални 12 бодови откако го замени Фелипе Луис Сколари на тренерската позиција на почетокот на месецов.

Палмеирас е апсолутен фаворит против Центро Спортиво Алагоано. Има подобар тим, поголем избор на квалитетни играчи и, секако, многу подобро реноме од ривалот.

И гостите ја подобрија формата, имаат серија од три меча без пораз, или четири на последните пет натпревари, па побегнаа од дното на табелата.

Шанса им е што подолго да издржат без да примат гол на „Алијанц парк“ во Сао Паоло против една од најефикасните екипи во Бразил. Сепак, тешко е да се одолее на противник што во офанзивата има играчи од калибарот на Бруно Енрике, Луиз Адријано, Вилијан…, па ќе типуваме сигурна победа на Палмеирас.

Предлог тип: 1-1 (1.54)

 

Флуминензе – Сантош (Серија А, Бразил, 01.00 часот)

Дербито на 21-вото коло во бразилскиот шампионат ќе биде со голем влог бидејќи бодовите значат многу. Сантош сè уште се надева дека може да стигне до титулата, но ако не победи на „Маракана“ ноќеска, шансите ќе исчезнат. Заостануваат зад лидерот Фламенго цели 11 бода, но имаат и меч помалку.

Флуминензе неочекувано е во зоната за испаѓање, што би било трагедија за клуб со богата традиција и успеси во Бразил. Имаат само 18 бода по 20 одиграни натпревари, а во последно време играат по системот топло-ладно и по победа, веднаш го губат следниот натпревар.

Против Сантош, популарните Флу немаат победа повеќе од две години, но сега немаат поинаков избор освен атак на трите бода.

Клуч на успехот за домашната екипа ќе биде Гансо, поранешниот голем талент на бразилскиот фудбал. Ако тој одигра како што знае на средината на теренот и успее да ги „храни“ со употребливи топки напаѓачите, тогаш Флуминенсе има шанси да го победи фаворизираниот Сантош.

За Гансо ова е посебен меч бидејќи кариерата ја почна токму во Сантош. Избраниците на Хорхе Сампаоли најавуваа атак на титулата, но навивачите на Сантош се разочарани по бледите изданија на „црно-белите“ во последно време. Сега е момент за пресврт, а пред сè, им треба врвна претстава од двата главни адути Едуардо и Карлос Санчес.

Предлог тип: ГГ (1.88)

 

Гремио – Аваи (Серија А, Бразил, 01.00 часот)

Гремио е екипата што е во најдобра форма во моментов во Бразил и нема пораз на последните шест меча. Попатно му земаа мерка и на Палмеирас во четвртфиналното дерби на Копа Либертадорес, па сега и одлично газат во Серија А и се подготвуваат за нов бразилски двомеч во Лигата на шампионите против Фламенго.

Згуснатиот распоред си зема и данок во повреди, па Гремио ќе мора да игра против Аваи без петмина значајни играчи. Жеромел, Леонардо, Моура, Оливеира и Визеу ќе го прескокнат мечот со гостинот од Флоријанополис, но сепак, во Порто Алегре се знае кој е фаворит, тоа е Гремио и тоа огромен, па секако поинаков исход од победа на домаќините би бил сензација.

Аваи ја поправи формата во последно време, но ќе типуваме дека ќе биде поразен од тим кој е во топ-форма.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

 

- Оглас -

Најнови вести