Полноќниот експрес го прошета Бразил со добитен тикет

Полноќниот експрес мина со добитен тикет низ Бразил, а погодени ни се сите четири натпревари што ги типувавме во ноќешното издание.

И сите четири се играа во Бразил, три од Серија А и еден од Копа Либертадорес, со вкупен коефициент од 11.87.

Почна одлично со голеада во режија на Палмеирас, а типот „кец во кец“ беше погоден уште на полувремето што го доби домаќинот со 4:0 против Центро Спортиво Алагоано. Мечот заврши со вистинска голеада и победа на домашната екипа од 6:2. Коефициентот беше 1.54 во обложувалниците на Sport Life.

Фуриозно тргна и Гремио, а и тука само по 45 минути јасно беше дека нема кај да ни избега типувањето 1-1 бидејќи домаќините го декласираа Аваи со 4:0 уште по првиот дел. И тука имаше седмица и убедлив триумф на Гремио од 6:1, а квотата за „кец во кец“ беше точно 2.00.

Првото полувреме ни донесе уште еден точно погоден пар во бразилската Прва лига, или популарната Серија А. Дербито меѓу Флуминенсе и Сантос го типувавме со Гол-гол, а за точна прогноза се погрижија Сотелдо со погодок за гостите во 40-тата минута и Лукас Верисимо со автогол во својата мрежа и израмнување за Флуминенсе во втората минута од судиското продолжение. Доволно за фатен коефициент од 1.88.

Остана уште главниот меч ноќеска, реванш-полуфиналето од Копа Судамерикана во Бело Хоризонте меѓу Атлетико Минеиро и Колон. Типувавме дека во второто полувреме ќе има повеќе голови од првите 45 минути и комбинацијата испадна добитна.

Бразилскиот состав водеше по првиот дел со 1:0, со голот на Франко ди Санто во 39-тата минута. Џими Кара, кој беше и прогласен за најдобар играч на мечот во 51-вата минута зголеми на 2:0, а добитен тикет имавме во 82-рата минута, кога Луис Мигел Родригес погоди за Колон од белата точка за конечни 2:1. Тука квотата беше 2.05, или сè заедно за сите четири натпревари коефициентот беше 11.87.

- Оглас -

Најнови вести