Сакате да работите, но досега не сте добиле вистинска можност да се докажете? Веќе нема изговори за такво нешто. Sport Life обложувалниците го зголемуваат својот тим, а тоа е шанса за сите. Не се двоумете, пријавете се и бидете дел од најдобрите. Sport Life обложувалниците вработуваат оператори во своите објекти.
Зошто да го одберете предизвикот и да бидете дел од Sport Life?
Затоа што тоа е компанија која мисли на своите вработени и дава шанса на секого да успее да се надградува, да се развива и секогаш да оди скалило напред. За такво нешто потребно е само желба да се напредува во големиот тим на Sport Life.
Работата секогаш е на првото место, но таа не е и единствено нешто што е важно во тимот на Sport Life. Вработените добиваат и можности за континуирано надградување на образованието и развивање, не се забораваат ниту тим-билдинг активностите, како што се стандардните забави за вработените, спортски активности, како и одење на рафтинг на Тара, летање со параглајдер, заедничко трчање на Скопскиот маратон и уште многу други активности.
И мотивацијата не изостанува во тимот, а секоја добро завршена работа, дополнително се вреднува. За секој вработен во компанијата важат три важни точки.
• Компетитивна плата со додатоци за работа на празник, прекувремена работа и додаток за лојалност кон компанијата.
• Награди и признанија на месечно ниво.
• Можност за напредок преку интерна регрутација и грижа за таленти.
Не чекајте и не се двоумите, искористете ја можноста, пријавете се и станете дел од Sport Life тимот.