Челзи конечно победи дома, Тотенхем сигурен и со 10 играчи (видео)

Челзи конечно ја запиша првата победа на домашен терен во Премиер лигата, со конечни 2-0 на „Стемфорд бриџ“ совладан беше тимот на Брајтон. Избраниците на Френк Лампард дури во четвртиот обид да освојат три бода пред своја публика успеаа во таа цел, заслугата оди на Жоржињо и Вилијан.

Жоржињо во 50-тата минута ја затресе мрежата на гостите од белата точка, а за разрешување на дилемите Вилијан стрелаше во 76-тата минута за конечните 2-0. Со 11 бода, Челзи сега е на шестото место, а ист број на бодови имаат и Тотенхем, Лестер, Борнмут, Арсенал и Кристал палас.

https://twitter.com/ZWODDE_/status/1177970163804602368

Тотенхем и со 10 играчи успеа да слави над Саутхемптон при резултат од 2-1. Исклучувањето на Орие не го расипа планот на Покетино, па неговите фудбалери предводени од стрелците Ндомбеле и Кејн освоија важни бодови со кои се искачија на табелата до четвртото место со 11 бода.

Французинот отвори во 24-тата минута, а капитенот на Петлите одговори на израмнувачкиот гол на Ингс во 43-тата минута.

https://twitter.com/TicketTottenham/status/1177958384118710273

Останати резултати од седмо коло на ПЛ:

Астон вила 2-2 Барнли

Борнмут 2-2 Вест хем

Кристал палас 2-0 Норвич

Вулверхемптон 2-0 Ватфорд

- Оглас -

Најнови вести