Скротени Јарци – Херта го декласира Келн со 4:0

Келн е во голема криза и влезе во серија од 3 порази по ред, а еден од нив е денешниот, и тоа многу убедлив од Херта на домашен терен.

Гостите од Берлин лесно ги скротија популарните Јарци со победа од 4:0 во меч во кој апсолутно доминираа и беа многу подобри.

Дилросун со гол во 23-тата минута најави пријатна вечер за гостите во Келн, а домаќинот го докусурија Ведат Ибиѓевиќ со два гола во второто полувреме и Бојата со последниот погодок на мечот.

Сега уште почудна е одлуката на тренерот Бајерлорцер, кој само по еден одигран меч во Бундеслигата, го испрати нашиот репрезентативец Чурлинов во младинскиот тим.

Нашиот напаѓач не игра, а Келн нема постигнато гол веќе 270 минути, или три меча по ред.

- Оглас -

Најнови вести