Киксот на Реал е предупредување за Барса, Интер, Ливерпул и Челзи

Од 153 екипи кои имале еден бод по две кола од групната фаза во Лигата на шампионите, помалку од една петтина, поточно само 19,6 проценти од екипите, успеале да се пласираат во осминафиналната рунда од најсилното клупско натпреварување во Европа.

Најтрофејниот клуб, Реал Мадрид, кој има 13 пехари од ЛШ, првпат е во ваква непријатна ситуација. Сега му следуваат два меча со Галатасарај кои мора да ги добие, а особено значаен ќе биде тој во наредното коло на 22 октомври (четири дена пред дуелот со Барселона) во Истанбул.

Вечерва, четири клубови кои биле европски клупски прваци, се соочуваат со судбината која ја има Реал. Барселона и Интер освоија по еден бод на стартот и не би сакале да загубат вечерва, за да не се доведат во ситуација да останат само на бод по две кола. Со нив во група е и опасната Борусија Дортмунд, која ќе се обиде да го искористи тоа.

Актуелниот првак Ливерпул и Челзи загубија во првото коло, па за нив и нерешен исход вечерва би бил катастрофа бидејќи така би имале само еден бод во две кола и во преостанатите четири кола би се мачеле за да се пласираат во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести