Големиот Веспрем падна во Битола – Еурофарм славеше во СЕХА со 26:24

Еурофарм Работник приреди изненадување и успеа да го победи Веспрем во Битола со 26:24 во меч од СЕХА-лигата.

Битолчани најавија дека не се плашат од еден од најдобрите состави на планетата уште по првиот дел, што го решија во своја корист со 14:8.

Предводени од расположениот Ловро Јотиќ, домаќините му одржаа лекција на гостинот по 30 минути игра. Во продолжението, Веспрем покажа зошто е еден од најдобрите тимови во ракометот, иако во последно време не им оди добро.

Само по 17 минути игра во второто полувреме, израмнија на 19:19 и потоа се водеше битка гол за гол, но Еурофарм беше подобар и победи со 26:24.

Јотиќ постигна 8 гола од 11 обиди, сличен беше и Невен Стјепановиќ со пет погодоци, а по 4 постигнаа Остроушко и Граѓан, но сите играчи на битолчани беа одлични.

Најефикасен на мечот беше Драган Гајиќ од Веспрем со 9 гола, а нашиот репрезентативец Дејан Манасков постигна три гола од 4 обиди.

 

- Оглас -

Најнови вести