Николче Митревски брани импресивно, а за него не е важно кое натпреварување е и против кој противник е на голот на Еурофарм Работник.
По изборот на ЕХФ за најдобра одбрана во минатото коло во Лигата на шампионите на дуелот со Бидасоа, денеска Митревски повторно беше во елемент и е прогласен за играч на натпреварот со Веспрем во СЕХА-лигата.
Македонскиот репрезентативец ги спушти ролетните и брани импресивно, што е добро и за неговиот клуб, но и за нашата репрезентација.