На 25 ноември 2020 година фудбалот остана без една од своите најголеми икони, Диего Армандо Марадона, кој за многумина е и најдобриот на сите времиња.
Навивачите на Наполи и сите клупски функционери му оддадоа почит на Диего Марадона на четвртата годишнина од неговата смрт со собирање на муралите на аргентинската легенда во италијанскиот град.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, капитенот Џовани ди Лоренцо и претседателот Аурелио де Лаурентис положија цвеќе на два од муралите.
Навивачи на Наполи го скандираа името на Марадона и палеа факли и сини чадни бомби во чест на Наполи и на репрезентацијата на Аргентина, во кои се прослави големиот Диего.
Марадона почина на 60-годишна возраст откако доживеа срцев удар по две недели откако беше пуштен од болница во Буенос Аирес по операција на мозокот.
Тој го предводеше Наполи до нивните први две титули во Серија А во 1987 и 1990 година, а стадионот на клубот беше преименуван по Диего Армандо Марадона по неговата смрт.
Профилите на аргентинската репрезентација и Фудбалска федерација објавија видео посветено на Марадона. Погледнете:
✍️ “LO MÁS INÉDITO QUE EXISTE ES EL AMOR CON EL QUE TE RECUERDA ESTE PUEBLO” 💙🤍
El video que le dedicó @Argentina a Diego Maradona, a cuatro años de su fallecimiento. pic.twitter.com/ziT7sHjXRH
— TyC Sports (@TyCSports) November 25, 2024