Солскјер: Што ќе им е вештачка трева во Холандија?

Во пресрет на гостувањето кај АЗ Алкмар во Лигата на Европа, менаџерот на Манчестер јунајтед веќе има алиби за евентуалниот неуспех. Оле Гунар Солскјер по тренингот на стадионот во Хаг, изјави дека теренот на којшто ќе се игра мечот е еден од најлошите кои ги видел во животот.

Теренот на кој АЗ Алкмар привремено игра како домаќин има вештачка трева, која е проблематична за Солскјер, па тој нема да го употреби Пол Погба на овој меч.

„Логично е да има вештачка трева на Северниот пол или во мојата Норвешка, каде што од декември до март не може да се игра фудбал на природна трева. Но тука, во Холандија, климата не е таква, изненаден сум. Во Норвешка има многу терени со вештачка трева, но овој е еден од најлошите терени кои сум ги видел. Се гледа дека е стара подлогата и многу користена. Ќе биде тешко да се контролира топката. Се надевам дека по мечот нема да го кажувам ова како оправдување и дека ќе освоиме три бода“, рече Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести