Уживаме во битката за првите места во групата, Словенците ќе го видат нашето најдобро издание

Фудбалската репрезентација на Македонија во октомврискиот квалификациски циклус за ЕП 2020 ќе се соочи со селекциите на Словенија и Полска. Мечот против Словенците е закажан за 10 октомври, следниот четврток и ќе се игра на арената „Тодор Проески“, додека три дена подоцна нашите Рисови гостуваат во Варшава, кај првопласираната репрезентација во групата Г.

Во пресрет на тие средби, селекторот Игор Ангеловски вели дека верува дека неговите избраници ќе одиграат на најдобро ниво против Словенија и дека ќе ги задржат надежите во битката за првите позиции во групата.

Список на фудбалери за мечевите против Словенија и Полска.

„На списокот нема многу измени, недостасува само Велковски кој е повреден, додека во составот се враќаат Тошевски и Ристовски. Против Словенија нема да сметам на Бејтулаи поради суспензија, додека до последен момент ќе чекам дали Барди ќе биде подготвен за настап. Верувам дека можеме да го издржиме целиот товар и во пресметката против Словенија ќе го покажеме нашето најдобро издание. За нас тој натпревар е многу важен, но, пред сè, сакам да уживаме во дуелот бидејќи се доведовме во ситуација да се бориме за висок пласман во групата. Словенија располага со голман од светска класа, Јан Облак, додека имаат голем лидер во Јосип Иличиќ, но очекувам рамноправна битка за секоја педа од теренот“, истакна Ангеловски.

Собирот на македонската репрезентација е закажан на 7 октомври, во 12 часот, во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје, додека за 18 часот е предвиден и првиот тренинг.

- Оглас -

Најнови вести