Холандскиот интернационалец Френки де Јонг во последниот период е на удар на навивачите поради игрите кои ги прикажува бидејќи според нив, тој е директниот виновник за ремито против Селта Виго. Тоа беше причина да биде исвиркан против Брест во Лигата на шампионите, а сега се чини дека ќе се најде на удар и на раководството.
Де Јонг во 2019 пристигна од Ајакс за 75 милиони евра, а неговиот договор истекува во 2026. Раководоството на Каталонците до него испратило понуда за продолжување на договорот, но тој воопшто не одговорил, а тоа е протолкувано дека фудбалерот има план да остане до истекот на сегашниот договор, па да си замине како слободен фудбалер. Токму затоа тој веднаш е ставен на тренафсер-листа и може да биде продаден уште во јануари доколку за него пристигне соодветна понуда.
❗️Barcelona withdrew the contract offer they made to Frenkie de Jong, as he never responded to it. The club will re-evaluate his situation, and may make a new offer, but never like the previous one.
— @mundodeportivo pic.twitter.com/v783mtrkjW
— Barça Universal (@BarcaUniversal) November 28, 2024