Пике ќе ја „руши“ Лигата на шампионите, сака да создаде ново најсилно клупско натпреварување

Жерар Пике уште сега има голем предизвик кога ќе ја заврши играчката кариера. Дефанзивецот кој во кариерата досега освои вкупно 21 трофеј, меѓу кои се и титули во англиската Премиер лига, во шпанската Примера и Лигата на шампионите, сака да биде еден од највлијателните луѓе во европскиот фудбал.

Мадридскиот весник „Ас“ објавува дека Пике сака да формира елитно натпреварување во кое ќе бидат вклучени најдобрите клубови во Европа. Идејата е тоа натпреварување да биде од 18 екипи, кои ќе бидат поделени во шест групи со по три клубови. Победниците од групите, плус двете најдобро пласирани втори, ќе влезат во нокаут-фазата. Новитет би било тоа што во нокаут-фазата би се играло само еден меч, и тоа на неутрален терен.

Дека идеите на Пике не треба да се сметаат за смешни, туку за сериозен проект, се покажа во тенисот. Неговата компанија е креатор на новото репрезентативно натпреварување кое го „сруши“ популарниот Дејвис куп. Останува да видиме во следните години дали Пике ќе успее да направи посилно натпреварување од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести