Од март 2014 година наваму, Рома е најмалерозниот клуб на светот кога станува збор за бројот на повреди на лигаментите во коленото, една од најтешките спортски повреди. Затоа и после повредата на Давиде Ѕапакоста (позајмен е од Челзи) кој денеска на тренинг ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, во Рома почнаа да мислат дека се проколнати како клуб.
Дури 15 фудбалери (8 сениори и седум младинци) на римската „волчица“ во последните пет години се здобија со ваква повреда, која е една од најтешките за спортистите, и бара операција и рехабилитација од минимум 6-7 месеци. Црната серија почна во март 2-14, кога настрада коленото на Стротман.
Никој не знае да објасни што се случува со играчите на римскиот клуб и како е можно толку многу играчи да ги кинат лигаментите. Има уште една сомнителна работа во целиот случај. Речиси сите повредени се дефанзивци и играа одбрана.