Вардар пет меча нема победа над Шкендија – прогнозирајте дали традицијата ќе биде прекината

По подолго време, спортската прогноза повторно е активна. Од утре започнува првото коло на оваа интересна игра која ја активиравме за сите љубители на „1Х2“. Нема многу размислувања што да се одигра. Едноставно е. Со кој фикс ќе заврши натпреварот.

Во првиот избор на 12 натпревари на кои може да типувате има неколку дерби дуели, а интересно е што еден од најинтересните дуели ќе се игра во Скопје. Најтрофејниот македонски клуб Вардар го пречекува актуелниот шампион Шкендија. Мечот е в недела.

Вардар одлично ја започна сезоната и е единствен тим без пораз (7 победи и две реми). Шкендија веќе заостанува седум бода, па со евентуален пораз во Скопје, разликата веќе ќе биде двоцифрена. Домаќините имаат стоостотен учинок од четири победи во исто толку меча на свој терен и се надеваат да продолжат во ист ритам. Шкендија се надева на традицијата од изминативе пет средби, која вели дека тетовци немаат пораз од Вардар. Скопскиот тим последен пат се радувал на 14 октомври лани со 4:2. По таа победа имаат три реми и два порази.

Освен македонското дерби, во понудата за прогнозирање има уште две дерби дуели. Челзи игра против Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ веќе девет средби немаат победа на „Стемфорд Бриџ“, каде домаќините секогаш се фаворити.

Битка за првото место ќе има во шпанската Примера дивисион. Барселона на „Камп Ноу“ ја пречекува Севилја, која изненадувачки е лидер во првенството. Традицијата е на страна на каталонскиот гигант кој има седум победи во последните осум меѓусебни средби. Сепак, тимот на Ернесто Валверде е во мини криза и четири средби во шампионатот се нема израдувано. За да покаже дека има сериозни намери да го одбрани тронот, Барселона ќе мора да победи против Севилја.

ЗА ДА ТИПУВАТЕ НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА и да бидете еден од потенцијалните добитници на подароците за најдобрите, посетете ја СПОРТСКА ПРОГНОЗА

 

- Оглас -

Најнови вести