Меси ги одби сите понуди и замоли играч од Севилја да ги разменат дресовите

Лионел Меси и синоќа ги одби понудите на неколку играчи на Севилја за размена на дресовите по натпреварот што Барселона го доби убедливо со 4:0, но сепак си замина со дрес на клубот од Андалузија.

Меси има едно правило, откриваат шпанските медиуми, а тоа секогаш се потврдува кога во противничкиот тим има негов сонародник.

Ако има Аргентинец кај ривалот, тогаш Меси учтиво му приоѓа на фудбалерот и секогаш доаѓа до размена на дресовите. Дали ова ќе ги разлути сите други фудбалери, ќе се види во иднина, но според тоа како игра, дресот на Лео сè уште е еден од најпосакуваните дури и од најголемите ривали на теренот.

Вчера на „Камп ноу“ неколку играчи на Севилја не успеаја, а Меси му пријде на Евер Банега и дојде до размена на дресовите.

- Оглас -

Најнови вести