Познато е кога Надал ќе го наследи Ѓоковиќ на првото место на АТП

Киксот на Новак Ѓоковиќ во Шангај, значи дека на 4-ти ноември ќе дојде до промена на врвот на АТП листата. Србинот со поразот од Стефанос Циципас загуби многу бодови бидејќи не ја одбрани титулата од лани, и сега Надал е на 320 поени од лидерот.

Бидејќи Надал не играше на турнирот во Париз лани, сега со неговиот настап колку и поени да освои, тоа ќе му биде доволно за преземање на врвот. Ѓоковиќ и на Мастерсот во Париз ќе брани 600 поени.

Единствена надеж за Ноле да остане на прво место е Надал да се откаже поради повреда и да ги освои Париз и Лондон. На 10-ти ноември почнува завршниот турнир во Лондон, па тогаш ќе се одлучи кој ќе ја заврши годината како рекет број 1, но Шпанецот е во подобра позиција бидејќи лани не играше и стартува од нула, а Ѓоковиќ брани 1.000 поени. Надал не настапи во Шангај поради повреда, но тоа е официјална верзија, додека неофицијално се подготвува за свадбата на 19-ти октомври.

Надал не бил прв на АТП листата од 29 октомври 2018 година, а откако ќе се врати на првото место, таму ќе остане најмалку две недели.

- Оглас -

Најнови вести