Италија е на максимум, ќе ја искористи грчката криза

Босна и Херцеговина – Финска (18 часот)

Разиграниот шпиц на Норич, Тему Пуки беше кобен за Босна и Херцеговина на првиот дуел во Тампере и со неговите голови Финците славеа со 2:0.

Сега Босанците се домаќини на еден од најжешките терени во Европа, на „Билино Полје“ во Зеница. Избор немаат, освен офанзива и на победа, бидејќи Финците имаат пет бода повеќе, а и Ерменија е пред нив со два плус.

Финците загубија два меча во шест кола и двата од лидерот и прв фаворит за пласман на ЕП, Италија. Играат цврсто примија само 4 гола на шестте натпревари во квалификациите и веројатно и во Зеница ќе се обидат да не загубат. За нив еден бод би бил голем како куќа, а речиси сигурно ги води на ЕП 2020 година.

БиХ мора да победи, но и да внимава на опасните контри на гостите.

Предлог тип: 2>1 (2.08)

 

Норвешка – Шпанија (20.45 часот)

Со победа на „Улевал“ во Осло Шпанија ќе биде речиси сигурен патник на Европското првенство следната година. Проблем за оваа репрезентација е што селекторот Луис Енрике мораше да отстапи од позицијата по трагичната семејна несреќа и смртта на неговата ќерка.

Роберто Морено дојде како привремено решение, а има две победи на два меча, едната од нив во Букурешт против Романија можеби и клучна во квалификациите. Црвената фурија е голем фаворит, а ќе мора на победа без оддамна повредениот Асенсио, веројатно и без Себалјос, а сигурно и без Алба, Начо и Гаја.

Сепак за Шпанците било кој фудбалер да не игра нема да биде преголем хендикеп, бидејќи имаат голем избор од квалитетни играчи.

Норвешка одигра одличен меч против Шпанците на „Месталја“ во март, дури и до 71. минута имаше нерешен резултат, но Серхио Рамос со гол за 2:1 им ги урна надежите за подвиг. Тие немаат многу простор за калкулации, а мора да останат непоразени вечерва и на следниот меч со Романија во Букурешт за да се пласираат на ЕП по пауза од 19 години.

Торе Региниусен нема да игра, а Норвежаните се уште го паметат голот на Стефен Иверсен против Шпанците на ЕП во 2000 година, за победа од 1:0, последна на големите натпреварувања.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.67)

 

Италија – Грција (20.45 часот)

Грците играат нов лош квалификациски циклус за пласман на големо натпреварување и тешко дека ќе прошетаат низ Европа, следната година низ некој од 13-те градови организатори на фудбалскиот самит.

Во минатата рунда се избламираа со реми на домашен терен против Лихтенштајн, па кај нив и атмосферата е лоша. Не им помогна ниту шок-терпаијата со смена на селекторот Анастасијадис по поразот од Ерменија дома.

И познатиот поранешен играч на Ајакс Џон Вант Шип не успева да ги консолидира редовите на Грците, па шансите за настап на ЕП 2020 се само теоретски.

Италија игра одличен квалификациски циклус и има максимални 18 бодови, па ако ги победи Грците вечерва на „Олимпико“ во Рим ќе игра на шампионатот следната година. Овде имаме дуел на репрезентација во топ-форма и селекција што игра лошо, па ќе типуваме на триумф на „аѕурите“.

Предлог тип: 1&ГГ (3.95)

 

Малта – Шведска (20.45 часот)

Шведска е во трка за втората позиција што води на ЕП 2020 година, а ќе игра против еден од омилените ривали. Против Малта, „Трите круни“ имаат импресивен биланс од 12 победи на 12 меча, а се чини дека се блиску и до тринаесетката.

Првиот меч на домашен терен Швеѓаните го добија лесно, со 3:0, а и сега се апсолутни фаворити. Во битката со Романија и Норвешка за второто место во Ф групата не се дозволени киксови против селекции што се аутсајдери како Малта.

Домаќините по триумфот на првиот меч со Фарски острови нанижаа пет порази по ред, против посилните селекции во групата.

Тука нема да има изненадување, па очекуваме триумф на Шведска без примен гол.

Предлог тип: 2 Двојна победа (1.82)

 

Лихтенштајн – Ерменија (20.45 часот)

Ерменците имаа солдина позиција во битката за пласман на Европското првенство, но не смеат да го потценат Лихтенштајн, откако со оваа селекција во нашата група во Лигата на Нации одиграа смао 2:2 на гостински терен. Тој меч беше последен и без големо значење, бидејќи беше јасно дека Македонија ќе игра полуфинале во Д сегментот.

Сега ситуацијата е поинаква и бодовите за гостите се драгоцени. Се разигра поранешното вардарово дуо Хамбурѕамјан и Барсегјан, повторно во форма е и Мхитаријан, па Ерменците се на добар пат сами да одлучуваат за настап на ЕП. Клучен за нив ќе биде следниот меч со Финците на гостински терен, но претходно императив е да се победи Лихтенштајн.

И апсолутниот аутсајдер во Ј групата со повеќе оптимизам го чека денешниот меч, откако приреди сензација во претходната рунда со реми во Атина против Грција. Немаат што да загубат, ќе играат за нов подвиг, а ќе типуваме дека ќе дадат гол(ови), но и дека ќе загубат од Ерменците.

Предлог тип: 2&ГГ (2.95)

 

Обложувалниците на Sport Life во редовната дневна понуда за денеска подготвија за вас три натпревари со специјални квоти:

БиХ – Финска 1Х&2-5 гола (1.95)

Данска – Швајцарија 1-2I&1-2II (3.00)

Италија – Грција 1&2-4 гола (1.85)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести