Тер Штеген се обиде да го „глуми“ Нојер, па се посрамоти за сите пари (Видео)

Фудбалерите на Барселона ја победија Валенсија со 4-2 и тоа, пред сè, благодарение на хет-трикот на Роберт Левандовски, иако на полувремето имаа негатива од 1-2. Голманот на Каталонците, Марк-Андре тер Штеген се посрамоти за сите пари во 29-тата минута, кога истрча надвор од шеснаесетникот во обид да расчисти една топка. Германецот го направи тоа во стилот на својот сонародник, Мануел Нојер, но тоа не беше ни блиску до успешно истрчување.

Тер Штеген успеа да ја промаши топката, па на Хуго Дури не му преостана ништо освен да ја смести во мрежата на Барселона за израмнување на 1-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести