Мораше веќе: Работник до прва победа во ЛШ

Еурофарм Работник ја прекина низата порази во Лигата на шампионите, откако денес на домашен терен го совлада Рихимен Кокс со минимални 31:30. Македонскиот вицепрвак дури во четвртото коло од групната фаза ја донесе првата радост во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Домаќините одлично ја отворија средбата и уште во раната фаза дојдоа до убедливи 4+ гола разлика. Во текот на целото прво полувреме ракометарите на Работник ја одржуваа таа предност, па на паузата заминаа со 17-13 во нивна корист. Тимот на Кокс постепено се враќаше во игра и успеа да израмни на петнаесетина минути до крајот, а во неколку напади имаа и минимална резултатска предност, која за брзо беше анулирана со пеналите на Ојлески.

Во моменти кога се кршеше резултатот, битолскиот состав преку, Митревски одбрани клучен седмерец, а потоа на една минута до крајот Ојлески на другата страна ги казни гостите, па Митревски за крај ја спушти ролетната и го одбрани последниот обид на Кокс.

Остроушко со осум погодоци ги предводеше битолчани до историскат победа, додека Ојлески реализира пет гола. Кај поразните Таминен со шест гола беше најефикасен играч.

 

- Оглас -

Најнови вести