Резервните играчи на Полска, Пржемислав Франковски и Аркадиуш Милик само за шест минути ја нокаутираа Македонија во Варшава и трасираа пат на ЕП 2020 на својата репрезентација, а нас нè оставија да ја чекаме втората шанса преку Лигата на нациите за историски настап на големо натпреварување.
Полска победи со 2:0 во меч што беше одлучен во финишот. Франковски влезе во игра во 73-тата минута и во првиот допир на топката ѝ донесе предност на својата репрезентација.
Само по 360 секунди со удар од далечина погоди и Милик за победа што за Полска значи настап на ЕП 2020. Домаќините имаа инцијатива во поголемиот дел од мечот, но не и некакви значајни шанси за гол сè до последните 15-тина минути.
https://twitter.com/Ola_Kalinowska/status/1183479529895026688?s=20
Македонија играше повлечено обидувајќи се со контранапади да го изненади домаќинот, но таа тактика се покажа како неуспешна.
Илија Несторовски се обиде со ножички непосредно пред првиот гол на Полјаците, но иако изгледаше атрактивно, ударот заврши далеку од голот на Шченсни.
#PolMKD Great chance for Macedonia
Almost spectacular goal from #Nestorovski pic.twitter.com/s5Rk0qjA1W
— Поштенско сандаче (@NikolaManUtd) October 13, 2019
Претходно Езџан Алиоски имаше топовски удар во првото полувреме од слободен удар, но голманот на Јувентус не дозволи изненадување.
Македонија сега има само теоретски шанси за второто место и треба да ги победи Австрија и Израел, а Австријците да загубат од нас на домашен терен и од Летонија, што се калкулации само во доменот на теоријата.
Вечерва Австријците ја победија Словенија во Љубљана со 1:0 и се на чекор до пласман на ЕП 2020.
Полска по 8 кола, или на два меча до крајот на квалификациите, има 19 бодови, пред Австрија со 16, а Македонија и Словенија имаат по 11 бодови. Израел е петти со 8, додека Летонија е последна без бодови.