Најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, веќе си имаат свое место во историјата на најпопуларниот спорт, а како што одминува времето, само поставуваат рекорди кои се сериозен предизвик за нивните наследници.
Португалецот синоќа дојде до својот 700-ти гол во кариерата и стана само шестиот во историјата на кој тоа му успеало. Роналдо им се придружи на славните Пеле, Пушкаш, Милер, Ромарио и Бичан, а може да се очекува во следната година друштвото да го добие и седмиот член.
Меси во моментов има 672 гола (604 за Барселона и 68 за Аргентина) во сениорска конкуренција, а вкупно има 699. Тој е две години помлад од Роналдо, но има подобар просек на постигати голови по меч. Му фалат 28 за да дојде до 700 и да му се придружи на Кристијано и друштвото најдобри голгетери во историјата.
Три сезони по ред Меси е прв стрелец во Европа. Денеска по рекорден шести пат ќе ја прими Златната копачка. Второто место е за Килијан Мбапе, третото за Фабио Квалјарела. Ако продолжи во ваков стил, Меси можеби и ќе го нападне рекордот на Јозеф Бичан од 885 гола кои ги даде во периодот од 1931 до 1955 година.