Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Патарици, откри дека италијанскиот првак во зимскиот преоден рок нема намера да носи нови играчи во Торино. Сепак, тоа не значи дека Јувентус ќе го преспие преодниот рок. Старата дама планира да му понуди нов договор на Кристијано Роналдо и да го задржи Португалецот до јуни 2021 година.
„Нашиот тим е комплетен и верувам дека е еден од најдобрите во Европа. Среќни сме со нашите играчи. Роналдо е многу важен играч за нас и не се сомневам дека ќе остане и оваа сезона, но и цела следна сезона“, рече еден од главните лица во Јувентус, Патарици.
Роналдо вечерва го постигна 700-тиот погодок во кариерата.
Paratici: No January signings
Fabio Paratici has ruled out signing Ivan Rakitic in January, while declaring that Cristiano Ronaldo will stay with Juventus until at least 2021.
[football-italia] #SerieA— Internet Explorer (@internetExpBot) October 14, 2019